Започна имплементацијата на проектот „4 инклузивни мето(ња) - Инклузија, комуникација, поврзување, соработка“, финансиран во рамките на програмата Еразмус+, Клучна активност 2: Партнерства за соработка меѓу организации и институции, активност „Мали партнерски проекти“, сектор: Образование на возрасни.
Број на проект: 2024-1-BG01-KA210-ADU-000246661
Проектот се спроведува во партнерство помеѓу:
- Бугарски образовен центар (BEC) – Бугарија (водечка организација)
- Центар за напредни истражувања (CRC) - Северна Македонија
Проектот е во траење од 12 месеци (01.09.2024 – 31.08.2025) и има за цел подобрување на социјалната и економската интеграција на постарите лица (29+) кои припаѓаат на ранливи групи во двете земји. Главниот пристап се базира на четири меѓусебно поврзани елементи: инклузија, комуникација, поврзување и соработка.