Новини

Спроведување на три фокус групи во рамките на Активност 2 од проектот „4 инчни методи – Инклузија, комуникација, поврзување, соработка“

15.12.2024

Три фокус групи беа одржани во рамките на Активност 2 од проектот „4 инклузивни методи – Инклузија, комуникација, поврзување, соработка“, бр. 2024-1-BG01-KA210-ADU-000246661, финансиран од програмата Еразмус+, Клучна активност 2: Партнерства за соработка меѓу организации и институции, сектор за образование на возрасни.

Фокус групите се одржаа во три различни населени места – Чаир, Делчево и Ростуше. Во секоја од нив учествуваа осум возрасни лица над 29 години, кои припаѓаат на ранливи социјални групи. Активноста беше организирана од партнерската организација Центар за напредни истражувања (CARI).

 Главните теми на дискусија беа тешкотиите во наоѓањето работа, недостатокот на образование, социјалната изолација и ограничените дигитални вештини. Учесниците, исто така, споделија специфични очекувања во врска со потребата од достапна обука и поддршка, прилагодени на нивните способности и животни искуства.